петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чавков постапил согласно барањата на СВР, испратил полиција колку што му побарале во телеграма, наредниот ден телеграмата е повлечена

Чавков постапил согласно барањата на СВР, испратил полиција колку што му побарале во телеграма, наредниот ден телеграмата е повлечена

Во завршните зборови по предметот за 27 април, Митко Чавков обелодени документи – телеграма од СВР Скопје, со која од Чавков било побарано засилување од 50 полицајци, кои истите правовремено ги добиле, но СВР кои имале оперативни надлежности во случајот не реагирале правовремено во случајот, по што Чавков ја преземал командатата на тактичко ниво, иако состојбата можела да биде решена од СВР претходно без потреба истиот да ја преземаа командата, но поради очигледните слабости истиот ја земал командата и го воспоставил јавниот ред и мир.

Проценката за ризик ја врши СВР, кои побарале дополнителни 50 полицајци, барање, кое е повлечено наредниот ден, зошто и како не е познато, телеграмата е презентирана од страна на Чавков во текот на неговите завршни зборови.

СВР, кое во случајот имало оперативна надлежност не реагирало како што треба за да воспостави ред, за што била потребна интервенција од Чавков, кој во случајот имал само стретешки надлежности.

Од презентираната документација се гледа дека Чавков со врвен професионализам ја разрешил ситуацијата и ги спровел сите чекори исклучиво во согласност со закон.

Најнови вести