недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

До Собранието испратен закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април

До Собранието испратен закон за амнестија на осудените за настаните од 27 април

Предлог закон за амнестија за настаните од 27 април во Собранието денеска како препорачана пратка е испратен до пратениците, информира за МИА адвокатот Јанаки Митровски. Пратениците законот ќе го добијат најверојатно в понеделик, а адвокатите кои го подготвија најавуваат средби со сите пратенички групи со цел да лобираат и да се обидат да добијат поддршка за него.

Митровски објаснува дека со предложениот текст се предвидува амнестија за настаните што се случија на 27 април 2017 година и тоа се предлага целосна амнестија за лица осудени на затворски казни до 10 години и половични односно намалување на половина за лица осудени над десет години.

Само две лица се осудени под 10 години и тоа Александар Василевски – Нинџа (‘г.) и Абдуљфета Алими (8г.), додека сите останати се осудени на поголеми затворски казни.

Адвокатот Митровски во изјавата за МИА посочува дека тој и неговите колеги од понеделник планираат да се сретнат со сите пратенички групи во Собранието и да побараат поддршка за законот.

Најнови вести