Вчера во 14:40 часот во Штип на улица „АСНОМ“ Б.Н. (19) од Штип управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ удрил во 10-годишно дете од Штип, кое управувало велосипед-трицикл.
Детето е пренесено во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.