четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

10 клучни особини кај жените кои сите мажи ги сакаат

10 клучни особини кај жените кои сите мажи ги сакаат

Секој маж е поинаков и кај жените бара различни работи, но еве десет клучни особини кои сите мажи ги сакаат.

Самодоверба

Привлечноста на жената и сигурноста во нејзиниот изглед е она што му се допаѓа речиси на секој маж. На тој начин покрај себе може да има дама која знае да се носи со него и не бара постојана потврда од другите луѓе.

Смисла за хумор

Никој не сака да биде со личност која е секогаш сериозна и е негативно расположена. Момците сакаат девојки кои знаат да се насмеат на нивните шеги и кои самите умеат да кажат нешто смешно.

Добро негувана

Никој не вели дека изгледот не е важен, впрочем тоа е она што ги привлекува мажите на самиот почеток. Најмногу ги пали добро негувана жена со здраво тело која внимава на себе.

Независност

Жената чие однесување сугерира дека во иднина ќе се потпре исклучиво на својот маж не е многу атрактивна. Мажите сакаат внимание и грижа, но во исто време им треба и нивен простор.

Разбирање

Точно е дека спротивностите се привлекуваат,  припадниците на посилниот пол се во потрага по жена која ќе ги почитува нивните уверувања и ќе ги дели нивните интереси.

Искреност и верност

Не е потребно посебно да се истакнува дека секој партнер и сопруг сака жена која ќе му биде верна и нема да го лаже. Тој едноставно мора да биде сигурен дека таа нема да флертува наоколу секој пат кога тој нема да биде во нејзина близина.

Зрелост 

Детскиот говор може да биде интересен извесно време, но повеќето мажи ќе бараат жени кои се зрели и знаат смислено да разговараат. Кој сака да биде со личност која разговара само за облека и шминка? Исто, жените кои премногу пцујат, не се многу привлечни, особено не на мажи кои не сакаат вулгарности.

Лежерност

Девојката која може да ја одведат кај своите родители и со која што можат добро да се забавуваат на било кое место, онаа со која може да се релаксираат и која не се плаши дека ќе ја уништи својата шминка – тоа е девојката со која би отишле на крајот од светот.

Грижа и внимание

Мажот се чувствува добро кога знае дека неговата девојка или жена му посветува внимание, забележува мали нешта и се грижи за неговите потреби. Од друга страна мразат кога жената ги уценува со недостаток на внимание со цел да оствари некоја своја желба или пак да ги казни за некое однесување.

Поддршка

Тој сака некоја која ќе го ислуша и нема да го исмее или пак да го потцени, некој кој ќе биде на негова страна, ќе му даде објективен совет и ќе му помогне да изгледа добро пред другите луѓе.