четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Барса има „чудовиште“ меѓу стативите

ВИДЕО: Барса има „чудовиште“ меѓу стативите

Екипата на Барселона со реми без голови се враќа дома, откако по првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против француски Лион одигра без победник.

Каталонците имаа повеќе од играта и можат да жалат што не запишаа заслужена победа, но мора да се напомене дека во своите редови повторно на голот го имаа расположениот Марк-Андре Тер Штеген.

Германскиот чувар на мрежата расипа голема радост за домашните фанови откако со нова нестварна одбрана го сопре ударот на Мартин Терие.

Со оваа фантастична интервенција, Германецот уште еднаш докажа дека брани во животна форма и со право многумина го сметаат за најдобар светски голман во овој момент.

Извор: gol.mk