четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претепани поранешни министри, а Управата за извршување санкции и Народниот правобранител случајот го оставаат за утре

Претепани поранешни министри, а Управата за извршување санкции и Народниот правобранител случајот го оставаат за утре

Поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во притворското одделение на затворот во Шутка.

КУРИР побара одговори од  Управата за извршување санкции и од канцеларијата на Народниот правобранител, но од двете места ни кажаа дека во 16 часот им истекло работното време и детали за случајот одбија да дадат.

Директорот на Управата Јовица Стојановиќ, во телефонски разговор за КУРИР вели дека е запознаен со случајот, но информации ќе има во текот на утрешниот ден.

-Дознав дека имало инцидент во притворското одделение. Кој бил учесник, јас не знам. Сега е завршено работното време, утре ќе пратам луѓе да го истражиме случајот, рече Стојановиќ во изјава за КУРИР.

Побаравме одговор и од канцеларијата на Народниот правобранител.

-Службите за односи со јавност работат до 16 часот. Побарајте ги утре после 8, ни одговорија од таму.

Најнови вести