На 22 февруари оваа година, околу 05 часот, во Итната медицинска помош во Кичево со повреди здобиени на работно место во фабрика во Кичево, донесен бил Д.М.(59) од Кичево, информираат од МВР Охрид.
Истиот, поради сериозноста на повредата, со медицинско возило е префрлен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид на понатамошно лекување.