Шпанскиот голман по поразот се огласи на социјалните мрежи и објасни што се случувало.
„Тажен сум и вознемирен затоа што не ја освоивме титулата, ние се броевме до крајот против одличен тим. Ќе продолжиме да работиме заедно за да бидеме уште подобри. Исто така, сакам да појаснам некои работи. Најпрво жалам поради крајот на дуелот. Немав намера да не ја почитувам одлуката на тренерот. Мислам дека ова беше големо недоразбирање. Тренерот мислеше дека не сум во можност да бранам, но јас бев во ред, а докторите кога стигнаа на клупата, тогаш ја пренесоа пораката. Тоа што е прикажано не беше моја намера. Имам голема почит кон тренерот и неговиот авторитет“, порача Кепа.