четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Славиме за Преподобен Мартинијан: Го учел народот за Христа

Славиме за Преподобен Мартинијан: Го учел народот за Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари.

Денеска е Преподобен Мартинијан.

Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години.

После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив.

За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година.

Најнови вести