понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Проект за подобрување на вештините за читање, сликовници за 7800 ученици

Во текот на учебната 2018/2019 година, ќе биде направен и мониторинг на употребата на овие сликовници во наставата, со цел да се следи влијанието и резултатите од програмата.
Проект за подобрување на вештините за читање, сликовници за 7800 ученици

Фондацијата на MoneyGram, во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од Македонија и Центарот за образование на Косово – КЕЦ,  денеска го објавуваат почетокот на програмата која има за цел подобрување на навиките за читање кај првооделенците во Македонија и Косово.

Со оваа иницијатива, 800 основни училишта од Македонија и Косово ќе добијат над 5500 пакети сликовници, со содржини и дизајн внимателно одбрани и прилагодени на возраста и интересите на децата од прво одделение. Оваа програма предвидува опфат од околу 78000 ученици кои ќе имаат директна придобивка од новите детски сликовници.

Најновите резултати од студиите за писменост спроведени со најмладите ученици во Македонија и Косово покажуваат дека постои итна потреба од подигање на нивото на јазичната писменост, од која зависи успехот на учениците и во останатите области од образованието, како математиката или природните науки.

-Студиите покажуваат дека читањето и останатите академски вештини на учениците можат да се подобрат кога интервенциите почнуваат што порано, додека учениците се на помала возраст. Од оваа причина, Фондацијата на MoneyGram ја започнува оваа иницијатива за учениците од прво одделение во Македонија и Косово. Возбуден сум што сум денес дел од овој настан и што можам да посведочам како оваа програма ќе донесе вистински промени во иднина, рече Aндреа Верначи, претставник на MoneyGram.

Објавени се вкупно 30 сликовници подготвени од локални и странски автори и илустратори, а изборот на сликовниците е направен од експертска група од претставници од Фондацијата „Чекор по чекор“  и  КЕЦ. Книгите се адаптирани на македонски и албански јазик и се дистрибуирани до 800 основни училишта во Македонија и Косово, заедно со прирачник за наставници, а беа спроведени и 42 работилници за користење на сликовниците во наставата.

Во текот на учебната 2018/2019 година, ќе биде направен и мониторинг на употребата на овие сликовници во наставата, со цел да се следи влијанието и резултатите од програмата.

-Во училиштата кои се вклучени во оваа програма, потребно е наставниците да ги охрабруваат децата постојано да читаат и да им дозволуваат на децата да позајмуваат книги и да ги читаат и дома, бидејќи сметаме дека така уште повеќе ќе се засили влијанието на оваа иницијатива. Веруваме дека на децата ќе им се допаднат сликовниците и дека за истите ќе разговараат со другарчињата или пак ќе изработуваат цртежи инспирирани од приказните кои ги читаат, изјави Сузана Киранџиска, извршна директорка на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

Од 2014 година, Фондацијата на MoneyGram има донирано над 233.000 $ за да поддржи образовни иницијативи во повеќе од 8 европски држави и со тоа има помогнато на повеќе од 100.000 деца. Донацијата од 65.580 $ на Фондацијата „Чекор по чекор“ и КЕЦ во 2017 година е првиот чекор за поддршка на локалните заедници во Македонија и Косово.

Најнови вести