Екипата на Вардар вечерва брка победа против актуелниот европски шампион Монпелје денеска во Скопје во последниот меч од групната фаза на ракометната Лига на шампиони.
„Црвено-црните“ со победа против францускиот тим ќе остане во игра за второто место на табелата, но за да се оствари целта, Киелце треба да го совлада унгарски Веспрем на домашен терен. На првиот меч сезонава во Франција триумфираше Вардар.
Тренерот на вардарци, Роберто Парондо на пресот пред дуелот изјви дека тимот е фокусиран на натпреварот и сакаат да покажет дека можат да го совладаат Монпелје.
– Сепак, што и како ќе се случи ќе видиме потоа откако ќе ги знаеме другите резултати. Ние мораме да победиме за да можеме потоа да имаме одредени калкулации околу пласманот. Имаме 5-6 ракометари кои се жалат на повреди. Не можам со сигурност да кажам дали ќе играат или ќе одмораат. Ќе видиме од ден за ден колку ќе бидат подготвени и кои ќе можат да дадат 100 проценти на терен. Имаме план А, Б, Ц и Д и тоа на сите позиции. Сепак, можеме да имаме само 16 играчи во ростер, но мораме да размислуваме на тоа кои играчи можат да играат и напад и одбрана, изјави Шпанецот.
Средбата Вардар – Монпелје почнува во 17,30 часот во СЦ „Јане Сандански”. (МИА)