четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Ужас во соседството: Куче до смрт искаса жена, синот плачел пред врата

Ужас во соседството: Куче до смрт искаса жена, синот плачел пред врата

Една жена почина, а друга е тешко повредена откако утрово околу осум часот биле нападнати од куче од расата стафорд во Панчево, Србија.

Починатата жена е мајка на сопственикот на кучето.

66-годишната жена им подлегнала на повредите, додека другата жена се наоѓа во болница.

Нападот се случил во дворот на семејството, кое го чувало кучето. Полицијата врши увид и работи на расчистување на околностите, велат од полиција за српски „Телеграф“.

Како што репортерот на „Блиц“ известува од лице место, сопственикот на кучето, 33-годишниот И.М. не бил уапсен.

-Тој се наоѓа пред куќата во која живеел со мајка си и плаче. Не сака да разговара со нас, вели новинарот на „Блиц“.