Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер, ги искажа неговите очекувања за претстојниот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ.
Првиот натпревар одигран во Манчестер заврши со резултат 2:0 во корист на парижаните.
-Манчестер јунајтед имал толку многу големи враќања. Па ние имаме осум победи во низа на гостински терен. Убедени сме во нашите способности, изјави Солскјер.
Норвешкиот стручњак соопшти дека Марсијал не е целосно подготвен за натпреварот со ПСЖ.
-Не мислам дека можеме да ризикуваме со неговото здравје. Тој се уште не е подготвен, соопшти предводникот на Јунајтед.
Натпреварот ќе се игра в среда (6 март) во Париз.