петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил гореше на автопатот Куманово- Скопје, од него остана само пепел

Автомобил гореше на автопатот Куманово- Скопје, од него остана само пепел
илустрација

Автомобил „Мерцедес 220“ изгоре на автопатот Куманово- Скопје кај Агино село, соопшти кумановската полиција. Кај нив случајот бил пријавен денеска во 11:50 часот.

Полицијата извршила увид и констатирала дека возилото се запалило во движење.

Седумдесетгодишниот возач од кумановско Лопате со „мерцедесот 220“ со швајцарски национални ознаки се движел по автопатот кон Скопје. При возењето заблежал густ црн чад под хаубата.

Тој застанал на десната страна и заедно со сопатничката излегле надвор. За кратко време автомобилот целосно изгорел.

Истрагата на полицијата ќе ги покаже причините за опожарувањето на возилото.