четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Илиоски: Две години сте на власт и две години ја носите одговорноста за оваа држава, не можете да се вадите на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Илиоски: Две години сте на власт и две години ја носите одговорноста за оваа држава, не можете да се вадите на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски на денешната собраниска седница по повод интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски истакна дека владејачката гарнитура е веќе две години на власт и две години ја носи одговорноста за оваа држава.

-Обвинувате за лажни вести, а лажна ли е веста дека сеуште не е лоциран односно пронајден убиецот на Мартин Јанушев? Дали е лажна вест дека е прислушкувано Јавното обвинителство? Дали е лажна вест дека лиценци за технички прегледи се дадени на фирма оформена, регистрирана една недела пред да ја добие лиценцата?, запраша пратеникот Илиоски.

Илиоски вели дека до денеска се уште не се знае кој како и зошто прислушкувал во јавното обвинителство, запраша дали се лажни вестите за исчезнатите лица во Република Македонија, дали лажна е веста дека без тендер беа набавени шкодите, односно донацијата од Чешка, туку министерството си се договорило со фирмата која што требаше да ги набави.

Дали е лажна веста за противзаконските распределувања на раководни лица во МВР? Зошто надлежниот инспекторат не извршил контрола за истото. Две години сте на власт за да ги подобрите работите и затоа народот ви дал доверба, вели пратеникот во реплика кон пратеникот од владеачкото мнозинство Хари Локвенец.

Најнови вести