Ќерката на боксерската легенда, Џорџ Формен, Фрида, е пронајдена мртва во својот стан минатиот викенд, а судејќи по полицискиот извештај се работи за самоубиство.
Како што пренесуваат американските медиуми, како и професионалниот боксер, 42 – годишната девојка е пронајдена од својот роднина кој влегол во станот во Хјустон и ја видел обесена.
По веста за нејзината смрт, нејзиниот татко, кој е двократен светски шампион во тешка категорија и освојувач на златен медал на Олимписките игри во Мексико во 1968 година, со емотивна порака се прости од својата ќерка.
-Тато, сакам да се занимавам со бокс. „На прво место е училиштето“, и одговорив. Ова е прва недела по 42 години откако не сум до мојата Фрида. Таа сега е на небото. Само еден ден, една година, една деценија посакувам да бидам до неа, напиша Формен на својот Твитер – профил.
Инаку, седумдесетгодишниот Џорџ Формен има дванаесет деца, седум ќерки и пет синови кои сите се викаат како него – Џорџ. Покрај се што направи во кариерата, тој влезе во историјата како најстариот шампион во светот на боксот кога во 1994 година на 45 години го победи Мајкл Мур.
Интересно е тоа што Формен беше и дел од „борбата на векот“, кога во октомври 1974 година во Киншасо боксуваше против Мохамед али и загуби после нокаут во осмата рунда. И покрај тоа што беа големи ривали во рингот, нивната почит и пријателство надвор од него ќе остане засекогаш запаметено.