М.В., момчето на кое боксерот Петар М. (39) му го скршил черепот, односно се обидел да го убие на еден познат белградски сплав е во кома.
„Повреденото момче е во кома, шансите да преживее се 50 отсто, а и доколку преживее прашање е во каква здравствена состојба ќе биде“, изјавил соговорник на истрагата за српските меиуми.
Безбедносните камери на сплавот го забележале моментот во којшто боксерот му приоѓа на момчето и почнува да се тепа.
Како што се гледа од видеото од надзорните камери, три момчиња стоеле на мостот кога Петар М. се залетал кон нив и двапати со тупаница во глава удрил едно од нив, а потоа почнува кавгата. Потоа почнал да го удира другото момче кое се обидувало да ги раздвои, при што го соборил на под и паднал над него.
Третото момче кое се наоѓало на мостот постојано се обидувало да го раздвои боксерот од останатите момчиња, но Петар протрчал покрај него и продолжил да го тепа момчето кое го нападнал прв. Секојпат кога момчето ќе се ослободело, боксерот би отишол по него и би продолжил со тупаници да го удира по главата.
— Video clips (@_Clip_rs) July 4, 2023
Сослушан во Вишото јавно обвинителство
Во Вишото јавно обвинителство во Белград бил сослушан Петар М. (39) поради сомнеж дека на 1 јули годинава како работник на обезбедување во еден белградски сплав со безобѕирно и насилничко однесување се обидел да го лиши од живот М.В. додека на С.В. му нанел полесни телесни повреди. Осомничениот на сослушувањето се бранел со молчење, односно го користел своето законско право да не ја изнесува одбраната.
По сослушувањето обвинителството му предложил на судијата за претходна постапка при Вишиот суд во Белград да му одредат притвор од сите законски причини, поради опасност од бегство, да не влијае на сведоците, да не повтори кривично дело во краток временски период, како и поради вознемирување на јавноста.
Осомничениот се товари за кривично дело тешко убиство во обид
Постои сомнеж дека на 1 јули околу 00:40 часот пред влезот на сплавот на Савскиот кеј, прво работникот на обезбедувањето М.К. влегол во кавга со М.В. и С.В. во која исто така работник од обезбедувањето Петар М. се вклучил, па од непознати причини почнал со тупаници да ги удира оштетените во пределот на главата и телото.
М.В. се обидел да бега, но Петар М., како што постои сомнеж, продолжил да го удира, по што оштетениот паднал, а Петар М. му задал уште еден удар во пределот на главата со тупаница, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот во вид на скршеница на черепот, со крвавење меѓу мозокот и черепот.
Додека М.В. останал да лежи, Петар М. продолжил да го удира С.В. со тупаници во пределот на главата и телото, нанесувајќи му полесни телесни повреди, по што обвинетиот го напуштил местото.