петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Млад боксер почина по брутален удар, борбата траеше само 90 секунди

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Млад боксер почина по брутален удар, борбата траеше само 90 секунди

Вознемирувачки вести доаѓаат од Бразил.

Имено, животот го загуби младиот боксер Жоао Виктор Пења. Тој почина три дена откако за време на натпревар доби тежок удар во лицето.

Борбата траеше само 90 секунди, кога младиот Бразилец доби жесток удар во лицето, по што беше нокаутиран.

За жал, тоа ја предизвика неговата смрт.

-Победникот од борбата би добил 18,5 долари, а поразениот 9,2 долари. За жал, животот на мојот брат беше изгубен за оваа сума, потврди братот на Жоао Виктор Пења на неговиот погреб.