Сериски донатор на сперма кој се нарекува модерен Исус вели дека никогаш немал секс, а самозадоволувањето го правел само за донирање.
Во последните пет години Куле Горду станал татко на 18 деца, а уште седум ги очекува во моментов. 27 годишниот од Лос Анџелес патува низ светот само за да ги оплоди жените кои тоа го бараат од него.
Тој вели и дека од секогаш сакал да има многу деца, но никогаш не се чувствувал убаво во врските, со оглед на големиот број на разводи и одговорностите кои ги носи бракот.
Тој во 2014 година започнал да ја огласува својата сперма, а две недели подоцна веќе ја донирал спермата на локална жена. По успешното оплодување вели дека сите разбрале за неговата квалитетна сперма.
Тој додава и дека ја одржува својата сперма за да биде квалитетна, а истото го промовира и преку видеа на социјалните мрежи, видеото од неговата реклама можете да го погледнете ТУКА.