сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил на полицаец изгоре во Чаир, причините сѐ уште се непознати (ФОТО)

Автомобил на полицаец изгоре во Чаир, причините сѐ уште се непознати (ФОТО)

Денес околу 03:00 часот во улицата Џон Кенди во Чаир неидентификувани лица фрлиле молотови шишиња на автомобилот на полицаецот Ф.А., при што целосно изгоре неговиот автомобил Голф 5. Соред еден пријател на полицаецот, Ф.А. никогаш не се карал со никого и тие се изненадени зошто е запален автомобилот на полицаецот кој работи во сообраќајната полиција, пишува ТетоваСот.

“Ф.А. никогаш немаше никаква кавга со никого, тој е многу добар човек, и ние сме изненадени од тоа зошто се случи ова, сега веќе е една година како тој се вработил, навистина сме изненадени”, вели за ТетоваСот неговиот пријателот надевајќи се дека МВР ќе го расчисти случајот.

Од полицијата се уште нема официјално известување за настанот.