понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Незаконски се гради минарето во Охрид-Заев лобира да му се дозволи градба?!

ФОТО: Незаконски се гради минарето во Охрид-Заев лобира да му се дозволи градба?!

И покрај забраната за градба која ја издаде градоначалникот, утринава продолжува незаконската изградба на муслиманското минаре во Охрид, покажуваат фотографиите кои охриѓани ги објавуваат на социјалните мрежи.

Во изминатиот период, против изградбата на минарето протестира здружението „Совест”, кое во неколку наврати во последниот период ги откажа протестите за да преговара со локалната и централната власт. Поради протестите, градбата на овој незаконски објект беше стопирана, но утринава повторно се гради.

Како што дознава Економски Лидер од извори од Охрид, денес претставник на „Совест” заедно со в.д. градоначалникот на општината Костадин Георгиевски и Бранко Арнаудовски од секторот за урбанизам, ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.

Како што дознаваме, Заев веќе ги убедувал претставниците на граѓаните кои протестираат, да ги повлечат протестите за да се гради минарето. Истото се очекува да продолжи и денес, на нивната денешна средба.

Георгиевски од друга страна, се чини сака да го послуша својот шеф Заев и да дозволи изградба на минарето.

Најнови вести