вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Колариќ: Загубени сто дена на Шилегов, лаги, неработа, без капитални проекти

Колариќ: Загубени сто дена на Шилегов, лаги, неработа, без капитални проекти

Загубени сто дена на Шилегов, лаги, неработа, без капитални проекти. 100 дена Шилегов е еднакво на 100 дена лаги, неработење и партизација на адмнистрација  и јавните претпријатија на град Скопје.  Тоа се загубени сто дена. На Скопје му престојат години на тешка агонија и силен популизам, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Светлана Колариќ посочува дека во првите 100 дена Петре Шилегов не почна со реализација на ниту еден капитален проект за градот Скопје.

-Прво, ветуваа чист воздух штом дојдат на власт, а Скопје го направија најзагаден град во светот. Повторувам, Градот Скопје е меѓу првите пет најзагадени градови во Светот. Викаа дека имаат студија, а дури сега најавија дека таа ќе се изработува. Нема ни една нова мерка за загадениот воздух, а единствената најава за борба против загадувачи, беше онаа против коледарските огнови, промовирајќи го бројот 193 како нова мерка или како порано 93, на кој се пријавував пожар со децении. Најголемата работа по која ќе се памети Шилегов во неговите први сто дена е обидот низ мала врата да донесе поскапување на цената на водата на Скопјани над 30 отсто. Во опозиција бараа 30 осто пониска цена на вода, но побрзаа во првите сто дена да се поскапи за над 30 осто.  Под притисок на јавноста не поскапи водата. Знаејќи го него оваа серија најверојатно ќе има уште продолженија. Нема ништо и од најавите за Зелено Скопје. Нема ниту еден зелен парк, или зелен корнер, ниту пак обнова на некој од постојните., нема ниту 1 метар квадратен зелена површина.250 000 засадени дрва од Трајановски, СДСМ не ги  броеше а сега 615 садници и најавените 4000 на пролет ќе биле голема акција за зазеленување на градот. Да потсетиме, само минатата есен во Скопје од страна на Трајановски беа насадени 5000 садници. Најголемата генералка на Скопје, како што си ја нарекуваат е неуспешната акција за чистење на Скопје. По оваа акција, ниту Скопје е исчистено ниту пак има подобрување на хигиената. Скопје никогаш не бил толку нечист како овие 100 дена. Ова е само лоша копија добар проект за од изминатите 8години, посочува Колариќ.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека за 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Груба партизација се врши и во администарцијата со вработување на десетици партиски и шарени активисти. Ги вработи шарените револуцонери Никола Наумовски како шеф на кабинет и Влатко Васиљ како ПР.

Од 100 дена лаги и неспособност, ВМРО-ДПМНЕ во прес-конференцијата издвојува:

-Од 100 дена 25 Шилегов шеташе во Љубљана, Тирана и си беше на ракомет во Загреб со парите на скопјани.

-Го ослободиле Водно од возила а паркинзите за викенд се полни со возила, за на крај да кажат дека затоа било надлежно МВР.

– Прва партизанска оружарница во Скопје во Меморијалниот музеј на кејот на Вардар, изградба на пречистителни станици за третман на отпадни води, лев и десен фекален колектор, субвенции за набавка на печки за пелети, субвенции за велосипеди со кој се фали Шилегов се проекти кои му ги остави неговиот претходник.

-Изградбата на вело патеки е исто така проект на Трајановски кој Шилегов е добро што го продолжи.

-Го отворија новиот објект на против пожарната станица во Ѓорче Петров кој го изгради ВМРО.

-Ги забрани бадникарските огнови низСкопје.

-Сакаше да забрани влез на возила од другите градови во Скопје, идеја кој се уште не ја напуштил.

-За работа, проекти и за оној кој е посветен кон својата функција 100 дена се повеќе од доволен период да се направат дела значајни за граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ анализира како споредба во првите сто дена, од првиот мандат на неговиот претходник Трајановски се отпочнаа со процедури за капитални проекти како:

– асфалтиран булеварот Гоце Делчев од МТВ до Скопски саем

-Процедури за проширување и доградба на булеварот Србија

-Се заврши идејниот проект и програма за реализација за проширување на булеварот Теодосиј Гологанов

-Се заврши проектот за градба на булеварот Македонска војска. Се изработи проект за улица Благоја Стефковски.

-Почна подготовка на јавна набавка на проект за спојување на бул. Христијан Тодоровски Карпош со обиколницата.

-Се почна постапката за реализирање на жичарницата на Водно

-Се почна со изградба на пешачки патеки од двете страни на Вардар  и многу други проекти.

-се почна изградба на главниот фекален  колектор од Инџиково до Вардар за потребите на 40.000 жители

-нов лик на градскиот парк и др.

Тоа што го направил Трајановски за 100 дена можр да го видите ТУКА.

Најнови вести