петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Вознемирувачко фото: Жестока реакција на француската полиција, брутално ги тепаат демонстрантите, настрада жена

Вознемирувачко фото: Жестока реакција на француската полиција, брутално ги тепаат демонстрантите, настрада жена

Француските власти го истражуваат случајот околу постарата жена, учесник на протестот на „Жолтите елеци“ која заработи повреди во налетот на полициските сили во Ница.

73-годишната жена носела знаме во боите на виножитото на кое што пишувало „Мир“ и на себе носела жолт елек. Додека таа протестирала, полицајците тргнале да се пресметаат со останатите демонстранти, а во нивниот налет настрадала и постарата жена.

Новинар на новинската агенција „АП“ забележал како оваа жена паѓа на асфалтот, а од главата започнало да ѝ тече крв. Локалните медиуми подоцна откриле дека станува збор за Женевиев Легај, локална активистка против глобализацијата.