сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Фановите на „Сексот и градот“ ќе полудат од среќа поради оваа вест

Фановите на „Сексот и градот“ ќе полудат од среќа поради оваа вест

Продукциската куќа Парамаунт и Анонимус Контент ги купиле правата на користење на романот “Има ли уште секс во градот?” од Кендис Бушнел, авторката на серијата “Сексот и градот”.

Според пишувањата на Deadline, приказната во романот се одвива во Менхетен и ќе го следи животот на жените во Њујорк, пријателствата, љубовните проблеми, браковите и сексуалните животи.

Главната разлика помеѓу овој и изворната серија “Сексот и градот” е во тоа што жените се прикажани во своите 50 и 60 години од животот.

-Некогаш не беше вака. Некогаш 50 значеле почеток на пензија, намалување на работни места, трошење време на хобија и пријатели кои како и вие имале лежерен начин на живот. На кратко, луѓето пред пензија не требале да работат многу, освен да стануваат постари и да имаат повеќе барања. Од нив не се очекуваше да вежбаат, да почнуваат нови поглавја во кариерата, да се впуштат во секс без обврска со странец и да започнат од почеток. А токму така изгледа животот на многу жени во 50 и 60 години и воодушевена сум што ќе ја прикажам нивната богата и комплицирана реалност во мојата книга, а сега и на екран, вели Бушнел.

Договорот за снимањето е потврден, но повеќе податоци ќе очекуваме во наредните месеци.