среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.

-Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21.05.2018 година, соопшти денеска скопска Апелација.

Вака донесената одлука, како што се наведува во соопштението, ќе биде објавена во целост на веб страната на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште.

Најнови вести