петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ристевски: Први април веќе не е единствениот Ден на лагата, секој ден е!

Ристевски: Први април веќе не е единствениот Ден на лагата, секој ден е!

Пред неколку дена беше 1-ви април, ден кој откако знам за себе е ден на кој смислувавме шеги, се лажевме, шокиравме… едноставно, ден на кој човек требаше да се сомнева цели 24 часа во она што другиот го вели или прави. Годинава денот помина незабележано, пишува во својата колумна Александар Ристевски.

Неговата колумна ја пренесуваме во целост:

По онаа навика на лажење, со почетокот на електронскиот медиуми, пред 20тина години, истите токму за 1 април не преплавуваа со разни вести за тоа кој умрел, кој со кого спиел, па дури и со иронизирање за некое ветување на политичарите.

Токму тие денес се ѕвездите и ликовите кои го украдоа 1 април!

Повторно се врати на сцена она што го поминавме во транзицијата, кога политичките елити ветуваа милијарди, по еден вработен од секоја фамилија, стандард, плати, цени, инфраструктура, за да на крај завршат со едно големо НИШТО.

Едно нешто што на ниту една политичка елита не и одговара е ИНТЕРНЕТОТ. И колку сакате да бришете, едитирате, укинувате изјави, ветувања, разговори и дебати, тие негде ги има. Некој ги снимил, закачил, објавил. Уште полесно е тоа изминатите неколку години. Добри телефони, добри лап топ компјутери, брз интернет… се’ се следи и бележи.

Се вети крај на непотизмот. Крај на злоупотребите. Промовирање на професионалци, без оглед на бекграундот, дека капацитетот и способноста секогаш ќе е приоритет. Дека ќе се гради инфраструктурата. Дека ќе се намали јавниот сектор. Дека конкурсите ќе бидат транспарентни. Дека културата ќе има правилна распределба на средства. Дека земјоделците ќе добиваат навремено субвенции. Дека ќе се департизира полицијата. Дека ќе се крене стандардот. Дека ќе врие од инвестиции. Дека ќе влеземе во ЕУ.  Дека ќе се намалат даноци. Дека ќе има ефтина струја. Поврат на данок. Бројчаник со вратените пари. Дека нема амнестија за криминалци. Дека нема промена на Уставното име. Нека нема одење против желбите на народот. Дека мора национален консензус за идентитетски прашања. Дека ќе се оди на референдум и дека одлуката на народот ќе се почитува. Дека идентитетот не е загрозен. Дека јазикот не е загрозен. Дека нема отстапки за историјата. Дека нема штета од разни платформи, договори, преговори…

Сега имам впечаток дека буквално од се што се кажало и ветило, се тера контра.

Искрено, уморен сум од се’! Како што веќе претходно пишував: Народот е наклукан со лекови и под постојана психоза и стрес, а севкупниот капацитет на нацијата тоне со дисфункционалното образование со спуштени норми, вредности и критериуми, и со урнисана национална свест и изместени вредности.

Лошите политики на политиканти кои 28 години тргуваа со душите на народот, се повеќе ни се удираат од глава. Прифаќам дека многу нешта низ годините не чинеа. Дека грешките на многумина скапо не чинат. Но тоа е минато, од кое МОРА да учиме и да не го повториме. Но, ајде да видиме каде сме сега? Што правиме со сите дадени, а неисполнети ветувања? Која е поентата на било какви програми, ветувања, агенди, планови, ако се тера контра од ветеното?

Ве молам, вратете ни го 1ви април! Не е веќе интересно секој ден да го живееме.

Доколку не се оправиме, следната година 1ви април предлагам да биде Ден на вистината, и наместо лажење и маскирање, целосно да се соголиме, и духовно и физички!

Априлилили

Александар Ристевски

Најнови вести