Денеска во центарот на Битола во близина на Безистенот минувачи наишле на змија и ја фотографирале. Биле изненадени дека на сред град околу место каде има многу народ и движење се појавила змијата.
Многумина негодувале дека змијата се појавила поради нерасчистена трева и камења но имаше и такви кои претпоставуваа дека излегла од коритото на реката Драгор која е во близина.