петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Продолжен притворот за насилникот од Србија: Братот на претепаната Ивана откри детали

Продолжен притворот за насилникот од Србија: Братот на претепаната Ивана откри детали

На 24-годишниот Ѓорѓе Лацковиќ од Богатиќ кој е осомничен за нанесување на тешки повреди на својата девојка, 23-годишната Ивана Филиповиќ од Баново Поле, новосадскиот Основен суд на предлог на Обвинителството му го продолжи притворот за уште 30 дена.

Тој во притвор се наоѓа од 12. март.

Ивана и понатаму не сака да дава изјави за медиумите за немилиот настан, бидејќи е под голем стрес.

Поради нанесување тешки телесни повреди, на Ѓорѓе му се заканува затворска казна во траење од 2 до 10 години. Обвинителството веднаш после сослушувањето на Лацковиќ поднело кривична пријава поради насилство.

Како што пишуваа српските медиуми, Лацковиќ поради љубомора, со мотика ја претепал Ивана, ѝ го пробил белодробното крило, ја исекол со нож по лицето и нозете, па со пегла ѝ ги горел рацете и вратот.

Нејзиниот брат, Иван Филиповиќ вели дека слушнал приказни за тоа дека неговата сестра должела пари, но тој не верува во тоа.

-Слушнав разни приказни по селото, но јас и моето семејство не придаваме важност за тоа, затоа што се глупости. Важно е единствено тоа дека сестра ми закрепнува, само понекогаш има болки околу ребрата. Потиштена е избегнува да разговара за тој ден, вели Иван.