четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Се застрела поранешниот претседател Гарсија

Се застрела поранешниот претседател Гарсија

Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија се застрелал утрово, откако полицијата дошла пред неговата врата за да го уапси за обвиненија за корупција.

По инцидентот, Гарсија бил пренесен во болницата во местото Касимиро Улоа. Од болницата информираат дека поранешниот претседател е опериран и е во критична состојба.

Гарсија беше претседател во два мандата и тоа од 1985 до 1990 и од 2006 до 2011 година.

Истрагата утврдила дека тој примал поткуп иод бразилската градежна компанија „Одебрахт” за време на својот втор мандат, поврзана за метро линијата во Лима. Од самата компанија признаваат дека за мито исплатиле над 30 милиони долари.

Од друга страна, Гарсија тврди дека е жртва на политички прогон. Инаку, претходните четири претседатели на Перу се под истрага за корупција, додека петтиот, Алберто Фуџимори е во затвор за примање мито.