Ќерката на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ кој трагично загина во сообраќајна несреќа пред два месеца во Германија донесе голема одлука по неговата смрт.
Имено таа цврсто верува дека преку песна полесно ќе се справи со прерано починатиот татко кој до последниот ден од својот живот пееше.
-Шабан од секогаш и говореше на неа дека таа како пејачка треба да биде професионалец и дека нејзината работа е да ги забавува другите дури и кога не и е до забава, вели изворот за српски „Ало“.
Изворот додава дека постојат големи шанси Илда набрзо да влезе во студио и да сними песна посветена на својот татко.