среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Учесничка во „Задруга“ и нејзиниот партнер ја решаваат три децениската голгота: Ќерката која им рекле дека е почината ја пронашле во Скопје?

Учесничка во „Задруга“ и нејзиниот партнер ја решаваат три децениската голгота: Ќерката која им рекле дека е почината ја пронашле во Скопје?

Во 90-тите години Ана Ќурчиќ и Аца Булиќ од Белград биле во врска и на чекор до брак кога им се случила трагедија. Ана, тогаш млада девојка на околу 20 годишна возраст, родила ќерка на која и го дале името Александра.

По тешкото породување кое го имала, била задржана во болница, каде после осум дена им кажале дека бебето им починало.

Ана беше учесничка во реалното шоу „Задруга“ каде отворено зборуваше дека тој ден во октомври нема никогаш да го заборави, како и дека таа и тогашниот нејзин партнер Аца се уште чувствуваат дека нивната ќерка е жива. Иако животот по личната трагедија ги однел на разни страни, по завршување на реалното шоу, а речиси 3 децении подоцна, Ана и Аца ја обновиле својата љубовна врска пред извесно време.

Решени се да одат докрај и да ја најдат ќерката за која цврсто веруваат дека е жива бидејќи никогаш не им издале документ за смрт на бебето, ниту го добиле телото на ќерката за да може да го погребаат.

Како што пишуваат српските медиуми, Булиќ повторно започнал процес на потрага по ќерката, па платил детективи кои се убедени дека ја нашле ќерката.

– Не би сакал јавно да зборувам на таа тема, кажавме дека се сомневаме дека нашата ќерка е жива и секако дека ќе направиме се да ја најдеме, особено сега кога сме заедно – изјавил неодамна Аца.

Како што тврди извор близок до Ана и Булиќ, тие влегле во трага на семејство во Македонија и постои можност детето да е токму таму.

-Булиќ никогаш не престана да го истражува случајот, сега само малку повеќе се вклучи. Платил сериозни детективи да се занимаваат исклучиво со тоа. Неодамна добија информација која мора детално да ја проверат. Во Македонија има семејство кое посвоило девојче од Србија во 1995 година во месец октомври, што се совпаѓа со раѓањето на Александра. Девојката се вика Арина и работи во Скопје во фирма, колку што знам се омажила минатата година, но се уште нема деца – вели извор запознаен со случувањата.

– Детективите сега мора темелно да истражат, а Булиќ треба да разговара и со тоа семејство. Големи се шансите луѓето кои ја посвоиле Арина да не знаат дека е украдена, па не можат целата оваа приказна да ја поврзат со Ана и Аца. Затоа мора внимателно да се пристапи, овие луѓе се постари од Аца и Ана и ја посвоиле затоа што не можеле да имаат деца, а се богати. Се додека официјално не се потврди дали Арина е всушност ќерка на Булиќ и Ана, сето тоа се само сомнежи, но вистината наскоро ќе се знае, додава изворот за „Стар“.

Најнови вести