вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Маж од Вевчани на Фејсбук ширел расистички и ксенофобичен материјал

Маж од Вевчани на Фејсбук ширел расистички и ксенофобичен материјал

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишниот Н.У. од село Вевчани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Во текот на 2018 и 2019 година пријавениот преку својот профил на социјалната мрежа Facebook ширел расистички и ксенофобичен материјал.