На влез во с. Рашче-Скопје, вчера околу 15 часот додека Ш.Џ. (69) од с.Сарај- Скопје, се движел со патничко моторно возило „Голф 3“ со скопски регистарски ознаки, кон него било пукано од патничко моторно возило при што Ш.Џ. починал на местото на настанот.
Извршен е увид од страна на Јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.