Ноќта пред состанокот каде беше избран претседател на Советот, Насер Муслиу, министерот за внатрешни работи, Спасовски, дојде во Гостивар и ги повика турската и ромската партија и им кажа доколку помине Арбен вие ќе си имате проблеми, изјави во емисијата Клик Плус, Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и поранешен министер за здравство, кој се соочи со голем притисок од страна на СДСМ на терен, каде целеата партиска и државна инфраструктура беше ставена на располагање на ДУИ, против Таравари.
-Дали е коректно во кампања, премиерот директно да дојде во Гостивар и да каже овој ќе стане ова, оној она, јас ќе станам премиер. Мислам дека и според препораките на Прибе не е коректно ова, вели Таравари.
Како што рече Таравари, во екот на изборите Спасовски дошол во Гостивар со братот на претседателот на штабот на СДСМ, Новица Зечевиќ.
-Тие една недела се шетале во Гостивар и им се јавувале на луѓето со закани, кажувајќи им да не гласаат за Арбен и тоа за време на изборите, рече Таравари.
– Од 22-ри до 29-ти цело време бил во Гостивар и им се заканувал на луѓето, вели Таравари.
Тој дополнува дека комплетниот државен систем бил ангажиран.
-Слично нешто се случи и во Струга, вели тој.
Веднаш по изборите, Зијадин Села констатираше дека изборите не биле фер и дека не ги признава.