петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Верувам дека охриѓани ќе го изберат Митре за градоначалник, ќе работиме заедно за убав Охрид

Мицкоски: Верувам дека охриѓани ќе го изберат Митре за градоначалник, ќе работиме заедно за убав Охрид

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Митре Милошевски ќе биде новиот градоначалник на Охрид од вестите на телевизија Алфа, а тој заедно со Милошевски ќе работи Охрид да го добие оној сјај кој што му прилега како град кој е лулка на културата на Балканот и во Европа.

Тој посочи дека посетил многу домови, разговарал со стотици граѓани ги слушнал нивните проблеми кои ги имаат во секојдневието, пробелми за кои ВМРО-ДПМНЕ и Милошевски ќе понудат решенија.

-Во вториот круг веќе втор пат доаѓам овде во Охрид. Она што претставува традиционално претставување на кандидатот, но и традиционално претставување на политичките партии е она популарно наречено одење од врата на врата. Тропнав на стотици домови, со стотици наши сограѓани овде од Охрид разговаравме за она секојдневие кое што они го доживуваат. Ми ја раскажаа, нивната приказна за Охрид. Тешко се живее, луѓето навистина имаат големи проблеми, имаат маки, секојдневни маки кои што ги тиштат им тежат, сакаат да ги споделат со мене. Со мене исто така беше и идниот градоначалник на општина Охрид, господинот Митре Милошевски, честит човек, домаќин, семеен човек, доктор кој многупати во минатото помогнал на многу охриѓани, мотивиран, храбар, подготвен да победи, но истовремено да се справи со предизвиците кои што ги носи еден ваков прекрасен град во Република Македонија. Лулка на културата на Балканот, па и во Европа , нашиот прекрасен Охрид. Самите кажавме пред граѓаните дека ќе ги засукаме ракавите и ќе работиме заедно со граѓаните за навистина Охрид да го добие оној сјај кој што му прилега како вистински бисер на Балканот и во Европа, рече тој.