Најновата студија за германскиот туризам покажа дека Германците во минатата година патувале во најголем број во последните десет години при што нивната потрошувачка по лице пораснала на 1.200 евра.
Тоа се наведува во Анализата за германскиот туризам, која покажа дека 58 отсто од Германците најмалку пет дена биле на патување во 2017 година.
Во периодот од 2008 до 2010 година, тој процент бил двојно помалку.
Во просек лани Германците биле на пат 13 дена, во споредба со 12,9 дена во 2016 година, покажа студијата. По лице просечната потрошувачка изнесува 1.200 евра, што е зголемено во однос на претходната година за 34 евра.