На 04.05.2019 година во 12:10 часот во реонот на с.Лојане, општина Липково, во близина на „Миратовачки пат“, при вршење на патрола, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го забележале и спречиле лицето К.Д.(55) од Народна Република Кина илегално да ја помине државната граница од Р.Србија кон Р.Македонија.
Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.