петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Автомобил се запали во Кочани па сам се придвижил и удрил во стамбена зграда

Автомобил се запали во Кочани па сам се придвижил и удрил во стамбена зграда

Синоќа во 21 часот и 50 минути вработен во Територијалната против пожарна единица од Кочани пријавил дека на улица “Стево Теодосиевски“ во Кочани од пожар било зафатено патничко моторно возило „Цитроен Пикасо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето Т.Л (53) од Скопје .

Пожарот избувнал во пределот под уредот за управување и ја зафатил електричната инсталација , по што возилото само се придвижило наназад и удрило во соседната зграда.

Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Кочани. По овластување на Јавен обвинител извршен е увид налице место.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.