Кралското семејство за прв пат објави фотографија од бебето на социјалните мрежи и собра над еден милион лајкови.
Станува збор за фотографија на новиот член на кралското семејство Арчи по повод денот на мајката.
Имено на фотографијата се гледаат неговите стапала која ги држи неговата мајка Меган Маркл.
-Денеска славиме сите мајка, оние кои тоа биле, кои се уште се и кои допрва ќе бидат, но и оние кои сме ги изгубиле и кои никогаш нема да ги заборавиме. Ова е чест за секој од вас. Денот на мајката денес се прославува во Америка, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јужна Африка, Кенија, Јапонија и во неколку земји од Европа. Ова е прв ден на мајките на војвотката од Сасекс, стои во објавата на кралското семејство на Инстаграм.