Српската пејачка Марија Шерифовиќ пред 12 години на 12 мај 2007 година победи на 52. Евровизија во Хелсинки, по што овој музички фестивал го донесе на Балканот и во соседството.
Нејзината „Молитва“ тогаш уништи многу други молитви, а Марија пред заминувањето на Евровизија во Србија ветила дека ќе ја донесе Евровизија во нивната земја.
Пејачката по повод 12 мај со големи емоции се потсети на победата, но и откри еден детаљ кој можеби и помогнал да го освои првото место.
-Од секогаш сум верувала во Дедо Мраз, и така ќе остане, напиша на една од фотографиите Марија.
„Дете во душата денес, а камо ли тогаш со само 22 години…“, напиша Марија под другата фотографија.