Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Трамп и Орбан ја прифатија анти-имиграциската реторика, а унгарскиот премиер се надева дека претседателот на САД ќе може да ја претвори таа позиција во глобална алијанса.
За идејата создавање глобална анти-имигрантска алијанса, Орбан веќе зборуваше на државното радио на Унгарија, потсетувајќи дека Унгарија и САД се меѓу ретките земји кои минатата година се спротивставија на Глобалниот миграциски пакт на Обединетите нации.
Трамп и Орбан разговарале и за набавката на Унгарија на ракети со среден дострел од САД.