понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чилиманов: Заев викаше дека мора да ја свиткаме кичмата и по секоја цена да влеземе во ЕУ и НАТО, а сега продава патриотизам

За сегашниот премиер Зоран Заев, Чилиманов истакна дека тој беше човекот кој зборуваше дека по секоја цена  Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО и да ја свитка кичмата.  Сега кога Македонија има таква можност, но по цена на промена на името, уставот и идентитетот, Заев продава патриотизам.
Чилиманов: Заев викаше дека мора да ја свиткаме кичмата и по секоја цена да влеземе во ЕУ и НАТО, а сега продава патриотизам

Гостин во емисијата „Алфаскоп“ која се емитува на Алфа Телевизија беше аналитичарот Цветан Чилиманов.

За сегашниот премиер Зоран Заев, Чилиманов истакна дека тој беше човекот кој зборуваше дека по секоја цена  Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО и да ја свитка кичмата.  Сега кога Македонија има таква можност, но по цена на промена на името, уставот и идентитетот, Заев продава патриотизам.

-Значи навистина тој е човекот кој што викаше дека мора да ја свиткаме кичмата по секоја цена да влеземе во ЕУ и НАТО , сега од еднаш продава патриотизам. Значи неможе да му се верува. Добро утро да ти каже треба да провериш на саат, колку е саат, дали е утро или е пладне или вечер, вели Чилиманов.

Чилиманов потенцираше дека додека СДСМ беше во опозиција ја обвинуваше тогашната власт дека владата се мешала со судството. Сега кога СДСМ е на власт, човекот кој што е обвинет и се појавува на суд, илегално прислушуваните разговори ги злоупотребува за да дојде на власт, врши злоупотреба на полицијата и службите,  рече Чилиманов запраша дали сега тој е човек кој ќе го води судство.

-СДС креваа галама до Брисел кога Министерот за правда беше член на судскиот совет. Тоа за нив беше скандал невиден. Тоа беше мешање на Владата со судството. Сега имате човек кој што странски дипломати му даваат оправдување да не се појави на суд, незнам обвинителот се разболува, бара да не дојде на судење, да не содржи рочиште во кривичниот процес за корупција на Заев а тој ќе биде сега оправач на судството во Македонија. Значи во СДС сега е сконцентрирано еден авангард на илегално направени прислушкувани разговори со масовна злоупотреба на тајната служба, тајната полиција, влијание во обвинителството и судството, масовно продуцирање врз основа на оваа збирштина од најмрачното тоалитарно време на таа партија, масовно продуцирање на кривични процеси на закани на заплашувања и на притисоци врз сите поинаку мислечки политички, медиумски, бизнис и какви се не фактори во Република Македонија значи едно тотално владеење на тоталитаризам во Македонија, вели Чилиманов.

Најнови вести