Eден од најлегендарните фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона вчера беше уапсен на аеродромот во Буенос Аирес.
Тој имаше проблеми со полициските служби и во минатото, но сега причината поради која е уапсен е навистина бизарна.
Имено, неговата поранешна девојка пријавила дека Марадона и должи сума од 5.7 милиони евра.
Како што пишуваат аргентинските медиуми, Марадона бил уапсен веднаш по пристигнувањето од Мексико во Аргентина.
За овој случај Марадона ќе има судење на 13-ти јуни, а според најавите таму Аргентинецот нема потреба лично да присуствува и ќе се појави неговиот адвокат, Матијас Морла.