четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хорор во соседството: Сопругот си ја убил сопругата и нејзините родители

Хорор во соседството: Сопругот си ја убил сопругата и нејзините родители

Во Нови Сад утрово се случил вистински масакар, во стан биле пронајдени три мртви тела со рани на главата.

Станува збор за мајка, татко и ќерка, а српските медиуми пренесуваат дека тројното убиство го извршил нивниот зет на кого претходно му било изречена мерка забрана за приоѓање.

Во станот биле пронајдени телата на Бранислав Пајиќ (57), неговата сопруга Нада Пајиќ (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).

Според првичните информации безживотните тела ги пронашол нивни роднина кој кога ја отворил вратата здогледал хорор и локна крв.