четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 19 лица загинаа во пожар во Индија

Најмалку 19 лица загинаа во пожар во Индија

Најмалку 19 лица загинаа во пожар во трговскиот центар во Индија, соопшти противпожарната служба.

Луѓето скокнале од зграда во градот Сурат во западниот дел од земјата, за да избегаат од огнот.

Пожарникарите соопштија дека околу 25 луѓе се заробени во комплексот.

Премиерот Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите.

-Многу сум тажен поради трагедијата во Сурат, сакам повредените брзо да закрепнат, напиша Моди на  Твитер, додавајќи дека им наредил на властите да им помогнат на повредените.