четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Требало да лежи во затвор, а сакал да ја напушти Македонија: Уапсен млад битолчанец

Требало да лежи во затвор, а сакал да ја напушти Македонија: Уапсен млад битолчанец

На 27.05.2019 година во 15:30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при пасошка контрола и проверка, било констатирано дека М.Д.(24) од Битола се наоѓа на стоп листата со мерка „А“ (апси) од СВР Битола.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.