среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешка сообраќајка кај Смилковци: 20- годишно момче почина на лице место, тешко повредени двајца малолетници

Тешка сообраќајка кај Смилковци: 20- годишно момче почина на лице место, тешко повредени двајца малолетници

Ноќеска во 01,47 часот од Итна медицинска помош било пријавено дека на стариот пат од с.Стајковци кон Смилковци, се случила сообраќајна незгода во која А.Ј. (20) од с.Смилковци-Скопје, управувајќи патничко моторно возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, удрил во бетонски столб.

Од здобиените повреди, соопшти денеска МВР, возачот починал на местото на настанот додека сопатниците во возилото 16-годишно и 17-годишно лице се здобиле со телесни повреди.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје.