петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Да им се доделат на играчите на Вардар сите државни признанија и привилегии

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Да им се доделат на играчите на Вардар сите државни признанија и привилегии

Водејќи се од историската шампионска титула која Ракометниот Клуб Вардар ја издвојува, пожртвуваноста на ракометарите, нивната борбеност и исклучителен спортски квалитет Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје го честита историскиот успех на ракометарите и ја поддржува одлуката на Градот за финансиска награда на ракометарите, клубот Вардар и стручниот тим.

Советничката група смета дека е потребно доделување на сите државни признанија и привилегии кои ќе го вреднуваат ваквиот успех на вистинските амбасадори на Градот Скопје и Република Македонија.

-Вардаровите ракометари се впишуваат со златни букви во нашата спортска историја, Скопјани имаат причина за славје. Вардар е нашата гордост, порачуваат  од советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје.