Излезе официјалниот трејлер за филмот „Ford v Ferrari“ (Форд против Ферари), каде што главните улоги ги толкуваат Мет Дејмон и Кристјан Бејл.
Се работи за вистинска приказна за американскиот автомобилски дизајнер на Форд – Керол Шелби (Дејмон) и британскиот тркач Кевин Мајлс (Бејл) и за нивното ривалство со Ферари.
Филмот е во продукција на „Твениет сенчури фокс“.
Премиерата на филмот е закажана за 15-ти ноември 2019 година. (МИА)