Иако поминаа три дена, се уште не стивнуваат реакциите по освојувањето на европската шампионска титула на ракометарите на Вардар.
По прославата во Скопје во понеделникот и по вчерашните приеми кај првите луѓе на државните институции, дел од ракометарите заминаа во своите држави за репрезентативните акции, а за дел од нив веќе почнува одморот.
Сташ Скубе се врати во Словенија, а во неговиот роден град Требње, му беше организиран пречек и беше награден за освоената шампионска титула.
Извор: 24rakomet.mk